Институт за сајбер тероризам и докторски студии на Воена академија во Скопје

28.03.2014 16:50

Воената академија прераснува во една авторитетна институција во Република Македонија на која се школуваат кадри и од соседните земји за нивните армии...

На Воената академија во Скопје ќе се воведат и докторски студии, а ќа биде отворен и Институт за сајбер тероризам. во високообразовната институција се школуваат кадри и од соседните држави. Ова го најави најави заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев кој денеска присуствуваше на предавање на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, кое го одржи амбасадорот на САД Пол Волерс.

„Воената академија прераснува во една авторитетна институција во Република Македонија на која се школуваат кадри и од соседните земји за нивните армии. Во тој правец ќе продолжиме. Сега имаме акредитирано додипломски и постдипломски студии, а оваа година се подготвуваме да се акредитираме и за третиот циклус на студии, односно докторски студии. Подготвуваме и отворање Институт за сајбер тероризам, како и други амбициозни планови“, изјави Димитриев.

Амбасадорот Волерс посочи дека и самиот е дипломец на воена академија, односно на Поморската академија на САД и дека многу е важно што постојат вакви институции што даваат обука на кадети, како и кадри од средниот ешалон.