Свет
Нападот во Норвешка можен терористички чин?
14.10.2021 16:18
Според локалната полиција тој успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен половина час по почетокот на нападот.

Напаѓачот кој уби пет лица и повреди уште двајца во градот Конгсберг, во Норвешка, бил Данец кој преминал во Ислам.
Се верува дека сам го извршил нападот, кој почнал во супермаркет. Според локалната полиција тој успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен половина час по почетокот на нападот.
Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.
