Спасовски: МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес

15.10.2021 09:26

Министерот за внатрешни, Спасовски, апелира партиите и кандидатите за градоначалници, да ги остават граѓаните самостојно да си ја донесат одлуката...

МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес, порака од министерот за внатрешни Спасовски. Апелира партиите и кандидатите за градоначалници, да ги остават граѓаните самостојно да си ја донесат одлуката.

Нека биде заедничко задоволството на крајот на овој изборен процес да констатираме дека  сме имале беспрекорен изборен ден, дека заеднички сме придонеле за фер и демократски избори, кои ќе го подигнат уште едно скалило погоре меѓународниот углед на земјата. Нека биде ова заедничка победа на демократијата и евроатлантските вредности- нагласува Спасовски.