ЕУ со остри критики по полициската операција во Косово

15.10.2021 09:37

Според портпаролот на ЕК, Стано, она што се случуваше на Косово не е поврзано со борбата против криминалот и корупцијата, туку со поширокото прашање кое се уште постои меѓу Србија и Косово.

Остри критики од ЕУ упатени кон косово, по судирите со етничките Срби за време на полициската операција против шверцот. Портпаролот на Европската комисија, Питер Стано, рече дека е потребна подобра координација кога властите спроведуваат операции во чувствителни области како што е Северно Косово.

Според него, она што се случуваше на Косово не е поврзано со борбата против криминалот и корупцијата, туку со поширокото прашање кое се уште постои меѓу Србија и Косово.

Вообичаена практика е тесно координирање со меѓународната заедница за однапред информирање на КФОР, така што луѓето нема да бидат изненадени– изјави Стано.

Советот за безбедност на ООН денеска ќе расправа за Косово.