Столтенберг ќе биде нов генерален секретар на НАТО

28.03.2014 16:52

Норвежанецот Јенс Столтенберг треба да ја преземе функцијата од Данецот Андерс Фог Расмuсен на 1 октомври годинава...

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг ќе биде нов генерален секретар на НАТО, соопшти  алијансата по седницата на Советот на НАТО во Брисел.

Норвежанецот Јенс Столтенберг треба да ја преземе функцијата од Данецот Андерс Фог Расмuсен на 1 октомври годинава.

Столтенберг важи за искусен политичар. Toj доби големо признание во меѓународни рамки за својот кризен менаџмент по двојниот терористички напад извршен од страна на Андерс Брејвик на Утоја. Столтенберг ја загуби премиерската функција во Норвешка по изборите во септември 2013.