Сад
Бил Клинтон примен во болница поради инфекција
15.10.2021 10:11
Според неговите лекари, инфекцијата на уринарниот тракт што ја имал, се проширила во крвотокот.

Поранешниот претседател на САД веќе неколку дена е на лекување во болница во Калифорнија. Неговата општа здравствена состојба е добра и не е поврзана со срцето или со Ковид-19, јавуваат американските медиуми.
Според неговите лекари, инфекцијата на уринарниот тракт што ја имал, се проширила во крвотокот.
Клинтон во 2004 година, имаше четирикратна операција за бајпас на неговото срце. Во 2010 година, му беа ставени два стента за да биде отворена артерија.
