Здравство

Скрининг за Ковид-19 во 364 основни и 109 средни училишта

15.10.2021 10:28

Министерството за здравство соопшти дека најголем број тестови ќе се спроведат во Тетово, Куманово, Битола, Гостивар и Прилеп. Апелира до родителите да дозволат нивните деца да бидат тестирани за да се добијат точни податоци за пренесување на Ковид-19 во училиштата и да се идентификуваат асимптоматските случаи.

Министерството за здравство во координација со ресорот образование почна со собирање согласност од родителите за скринингот во училиштата кој треба да почне идната недела.

Ќе се спроведе во 364 основни и 109 средни училишта, за рано откривање и заштита од Ковид-19. Вкупно ќе бидат вклучени околу 8.200 ученици.

Министерството за здравство соопшти дека најголем број тестови ќе се спроведат во Тетово, Куманово, Битола, Гостивар и Прилеп. Апелира до родителите да дозволат нивните деца да бидат тестирани за да се добијат точни податоци за пренесување на Ковид-19 во училиштата и да се идентификуваат асимптоматските случаи.

Родителите поделени во ставовите за тестирањето на децата.