Либан
Ден на жалост по насилните протести во Бејрут
15.10.2021 11:28
Хезболах, кој го организираше протестот, вели дека демонстрантите биле стрелани од снајперисти на покривот на зградата, а биле користени и ракетни гранати.

Либан објави ден на жалост, откако најмалку шест лица загинаа, а многу повеќе беа повредени во насилните протести во Бејрут. Претседателот, Мишел Аун изјави дека одговорните за насилство, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Хезболах, кој го организираше протестот, вели дека демонстрантите биле стрелани од снајперисти на покривот на зградата, а биле користени и ракетни гранати.
Тие ја обвинија Христијанската фракција, иако групата го негира обвинението. Демонстрантите бараа разрешување на судијата задолжен за истрагата во минатогодишната експлозија во пристаништето во градот.
