Полесно повредени неколку лица во превртен автобус во Битола

15.10.2021 11:47

Утрово околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се превртел автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ од Битола.

Рано изутрината се превртел автобус со кој се превезувале работници од третата смена од „Кромберг и Шуберт“ од Битола. Во сообраќајната незгода полесно се повредени возачот и четири патници.

Сообраќајката веднаш е пријавена во СВР- Битола и полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола, потврдуваат од полицијата.

Повредените биле амбулантски третирани и не се хоспитализирани.