Ковид-19
Србија воведува комбиниран модел на настава
15.10.2021 12:55
Петмесечно бебе и двајца тинејџери се на респиратор и во живото загрозувачка состојба. Лекарите апелираат родителите први да се вакцинираат.

Во Србија од понеделник средните училишта преминуваат на комбиниран модел на настава. Петмесечно бебе и двајца тинејџери се на респиратор и во живото загрозувачка состојба. Лекарите апелираат родителите први да се вакцинираат.
Овој модел на настава подразбира образовно-воспитниот процес да се организира комбинирано, односно со непосредна настава и настава на далечина, а одделенијата ќе се поделат на групи.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 7 до 13 октомври, бројот на деца од школска возраст кои се заразени со ковид-19 во Србија изнесува 3.442 или 0,45 отсто.
