Авганистан
Напад во џамија во Kандахар, има загинати
15.10.2021 13:53
Инцидентот се случил за време на петочната молитва. Портпаролот на талибанското министерство за внатрешни работи изјави дека досега се евидентирани седум жртви, но засега официјална бројка не е соопштена.

Голем број жртви во експлозија што одекна во џамија во авганистанскиот град Кандахар. Инцидентот се случил за време на петочната молитва. Портпаролот на талибанското министерство за внатрешни работи изјави дека досега се евидентирани седум жртви, но засега официјална бројка не е соопштена.
Се уште никој не преземал одговорност. Сличен напад во џамија се случи пред седум дена во провинцијата Кадуз, во која загинаа најмалку 100 лица, за која се уште никој не ја презеде одговорноста.
