Интересни факти за храната кои не сте ги знаеле

28.03.2014 17:09

Дали сте знаеле колку хамбургери се продаваат секоја секунда или, пак, дека чоколадата порано се користела наместо пари?
 
Прочитајте ги овие интересни факти за храната, кои досега сигурно не сте ги знаеле.
 
1. Најстарото сирење е старо 3.500 години, а најстарата супа датира од пред 8.000 години. Била направена од гулаби.
 
2. Јаболките, крушите и сливите припаѓаат на фамилијата ружи.
 
3. Дури 70% од маслиновото масло во малопродажба не е чисто маслиново масло.
 
4. Чоколадата порано се користела наместо пари.
 
5. Во Јапонија се продава сладолед од живо коњско месо.
 
6. Црвената боја во прехранбената индустрија се добива од инсекти.
 
7. Некои видови сирење и кашкавал во Сардинија намерно се заразуваат со црви за да им се засили аромата.
 
8. Отровот од рибата фугу е 1.200 пати појак од цијанидот.
 
9. Мекдоналдс продава по 75 хамбургери во секунда ширум светот.
 
10. Во 19. век кечапот се користел како лек за дијареја.
 
11. Во поголеми количини, морското оревче предизвикува халуцинации.
 
12. Медот никогаш не се расипува.
 
13. Формата на переците е инспирирана од положбата на рацете за време на молитва.
 
14. Во светот постојат околу 7.500 видови јаболка.