КОСОВО

Борел бара нова рунда преговори меѓу Вучиќ и Курти

15.10.2021 15:45

Засега не е одреден датум за средбата на Александар Вучиќ и Албин Курти, но Брисел очекува прво разговори со шефовите на преговарачки тимови, а потоа со двајцата лидери.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Борел бара нова рунда преговори меѓу Србија и Косово.

Засега не е одреден датум за средбата на Александар Вучиќ и Албин Курти, но Брисел очекува прво разговори со шефовите на преговарачки тимови, а потоа со двајцата лидери.

Покрај ЕУ, и САД сметаат дека дијалогот е неопходен за нормализација на односите.