ХОТАМ

Цените во хотелско- угостителскиот сектор ќе пораснат за 20%

15.10.2021 14:29

Хотелската асоцијација ХОТАМ најавува пораст на цените од 20% во хотелско угостителскиот сектор. Велат, ценовниот шок на останатите производи веќе е на товар на работењето во секторот, ќе мора да растат цените на аранжманите и услугите...

Ќе растат цените на хотелските и угостителските услуги. Со трендот на пораст на цените на сите производи и зголемените трошоци, хотелската асоцијација најавува пораст на цените  на  хотелските аранжмани  и храната и пијалоците во локалите за 20- тина проценти.

Зголемена е и цената на аранжманите во новите потпишани договори со странските тур оператори за идната година.

„Се јавува една светска криза прво на енергијата што ги поттикнуава сите останати производи да се поскапуваат и очекуваме едно поскапување. Ние ќе ги сведуваме нашите цени спрема производите кои треба да ги плаќаме.Се надеваме дека нема да биде преголем шок затоа што мора да преживееме и да ги наполниме овие капацитети кои ги имаме“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Туристичките работници велат цените со години биле непроменети, но притисокот од порастот на трошоците е неизбежен.          

„Погодени од оваа пандемија цените наши беа максимално прилагодени се со цел да привлечеме што повеќе гости. Меѓутоа трошоците си го прават своето за следната сезона сите сме сконцентирани на анализи и математички оперции како да направиме биланс  помеѓу можностите прилагодување на цената со нашиот пазар а секако и покривање на трошоците кои дополнително  се веќе на товар на нашето работење“, вели Тоше Чочороски- хотелиер. 

Хотелиерите на брегот на Охридското Езеро, велат ги очекува тешка и неизвесна зима. Хотелско уготителскиот сектор повторно очекува финансиска поддршка од државата за надминување на корона кризата.

 

Соња Рилковска