Локални избори

Кампањата завршува, од полноќ молк

15.10.2021 16:22

Партиите со завршни митизи, вечер на полноќ крај на предизборната кампања. Почнува молкот пред гласањето за локалните избори в недела. МВР подготвено да одговори на предизвикот за безбедноста на изборниот процес...

Финишира изборната кампања. Кандидатите за градоначалници и советници, имаат уште неколку часа за да ја претстават програмата и да бараат поддршка од граѓаните. Од полноќ почнува изборниот молк.  Утре ќе гласаат болните и изнемоштени лица, внатрешнораселените, затворениците, лицата позитивни на Ковид-19 и оние во изолација.

В недела на гласањето, за прв пат ќе бидат упоребени фингерпринт апаратите.  Доверливиот материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од Избирачкиот список е  дистрибуиран во сите општини. Државната изборна комисија ги прави последни подготовки пред утрешното гласање.

На седмите по ред локални избори, право на глас имаат, 1.824.864 граѓани кои ќе избираат меѓу 301 кандидат за градоначалник и 567 листи за советници во општините. Скопјани на овие локални избори ќе избират меѓу 12 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи.

 

Викторија Милевска