ДИК ја активира бесплатната телефонска илинија 0800-555-444
17.10.2021 09:44
Државната изборна комисија, и за овие избори ја активира бесплатната телефонска линија 0800- 555-444, на која граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да оставаат коментари.

Државната изборна комисија, и за овие избори ја активира бесплатната телефонска линија 0800- 555-444, на која граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да оставаат коментари. Пожелно е да бидат оставени и податоци за контакт, за да можат да се добијат одговори на поставените прашања.
Исто така отворена е и телефонската линија 076/488-360, на која лицата со оштетен слух и говор, преку видео повик, ќе можат да постават прашање до државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.
