Регион

Локални избори во Косово, гласањето тест за премиерот Курти

17.10.2021 10:13

Изборите се одржуваат во период на зголемена тензија меѓу Приштина и Белград. Во последните неколку недели, во северно Косово, каде што живее мнозинско српско население, се случија протести и судири со полицијата поради воведување на посебни регистерски таблички, а подоцна и поради полициската акција насочена против криумчарење на производи.

Локални избори во Косово, во трката учествуваат над 5.000 кандидати, 32 политички партии, 34 граѓански иницијативи, една коалиција и 23 независни кандидати. Гласањето го следат повеќе од 20 илјади набљудувачи, претставници на граѓанското општество, политички партии, медиуми и странски амбасади.

Изборите се одржуваат во период на зголемена тензија меѓу Приштина и Белград. Во последните неколку недели, во северно Косово, каде што живее мнозинско српско население, се случија протести и судири со полицијата поради воведување на посебни регистерски таблички, а подоцна и поради полициската акција насочена против криумчарење на производи.

Парламентарните избори и донесоа победа на „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти така што локалните се сметаат за сериозен тест за оваа партија. „Српска листа“ има кандидати во сите општини со српско мнозинство и се обидува да ги задржи сите градоначалнички места.