Мирно и без поголеми проблеми се одвива гласањето на избирачките места во Штип
17.10.2021 10:29
Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.

Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.
Но, овие проблеми се решаваат на самото место и гласачите гласаат на стариот начин, односно со спреј и оставаат отпечаток од прст и на избирачкиот список. Генерално изборите течат без проблеми, вели Вацев.
Во Штип со право на глас се 42.045 граѓани.
