Локални избори

Во Битола почна изборниот процес

17.10.2021 10:03

Според единствениот избирачки список 80.882 граѓани имаат право на глас. Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола.

Општинската изборна комисија во Битола информира дека утрово почна изборниот процес во Битола без поголеми проблеми. Според единствениот избирачки список 80.882 граѓани имаат право на глас. Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола.

На Локалните избори во Битола има шестмина кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.