Локални избори

ДИК: Излезноста до 11 часот е 10,34 проценти

17.10.2021 11:46

На седмите локални избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега. Гласачкото право до 11 часот го искористиле 175.058 избирачи. Досега најголема излезност има во општините Новаци- 25,84%, Крива Паланка - 20,40%, Вевчани- 18,61%...

Последните информации на Државната изборна комисија покажуваат дека  излезноста до 11 часот е 10,34 проценти.

На седмите локални избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега. Гласачкото право до 11 часот го искористиле 175.058 избирачи.

Според податоците од Државната изборна комисија на ниво на државата досега најголема излезност има во општините Новаци- 25,84%, Крива Паланка - 20,40%, Вевчани- 18,61%, Лозово- 17,51%, додека пак најниска излезност е забележана во општина Врапчиште од 4,92%.