Локални избори

Во Битола се гласа мирно и демократски, со мали технички проблеми

17.10.2021 12:53

Во Битола се гласа на 170 избирачки места, а право на глас според единствениот избирачки список имаат 80.882 граѓани. Навреме започна гласањето и во пелагониските општини Новаци и Могила додека во соседната општина Демир Хисар, со два часа задоцнување започна гласањето во селото Обедник на гласачкото место 0630 поради недостаток на печатот. Со дозвола на ДИК гласањето тече и тука, и ќе биде пролонгирано за два часа...

По истекот на првата половина од изборниов ден констатацијата за Битола е дека засега повејува демократскиот дух, но на 170-те избирачки места на кое правото на глас можат да го искористат 80.882 граѓани се јавуваат често проблеми главно од технички карактер.

Од избирачките одбори велат дека со примена на досегашната метода и техничката подршка се надминуваат проблемите.

До 11 часот излезноста е 13 проценти. Гласачите со свои пораки до идниот татко на градот.

Со слични каактеристики се гласа и во помалите пелагониски општини. Во могила излезноста до 11 часот е над 14 посто во општина Новаци до истото време гласале  698 од запишаните 2.868 гласачи. Од регионов со 18 проценти излезноста досега најголема во општина Демир Хисар. Тука со задоцнување од два часа започнало гласањето во селото Обедник.

Стевче Митревски