Изборниот ден во Тетово со технички пропусти
Со одредени технички пропусти се одвива изборниот ден во тетовско. Евидентирани се случаи кога некои од гласачите не можеле да се најдат ниту преку читачот на отисокот на прстот, ниту преку внес на матичниот број. Досега не се регистирани никакви инциденти. Граѓаните очекуваат мирни, фер и демократски избори...

Гужви по ходниците и во просториите каде се одвива гласањето. Новиот начин на гласање со биометриското идентификување поради што се појавија и проблемите, создаде редици пред и во гласачките места во тетовско.
Техничките пропусти се острануваат велат од избирачките одбори. Тие гласачи што воопшто не се пронајдени ,преминуваат на старата постапка на гласање. Избирачот остава отисок на прстот во отпечатаниот извод од избирачкиот список заедно со неговито потпис, и гласачот може слободно да гласа.
Граѓаните очекуваат мирен изборен ден и решавање на проблемите од новиот градоначалник.
Во Тетово запишани се 85.577 избирачи, кои денеска гласаат во 17 избирачки места.
Зоран Димовски
