Проблеми со уредите за отпечаток од прст и во североистокот
Во североистокот се регистрирани проблеми со апаратите за отпечаток на прст. Од општинските изборни комисии од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат дека се користи и стариот начин на гласање со спреј и ув-ламба. Други поголеми проблеми, засега нема...

Без поголеми проблеми, тече гласањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Се уште се присутни техничките, со терминалите за отпечаток на прст, но од општинските изборни комисии, велат техничарите се на терен и помагаат кадешто има потреба. Се носат и нови терминали со присуство на полициски службеници, но и се користи стариот начин на гласање со спреј о ув лама.
„Досега немаме прекин повеќе од три часа, немаме некои поголеми потешкотии, се интервенира, имаме 12 ит инженери кои се на располагање во Општина Куманово“, истакна Бранкица Димковиќ, претседателка на ОИК Куманово
Од избирачките места потврдуваат за проблемите со уредите за отпечаток од прст. Но, велат гласањето продолжува.
„Не го задржуваат прстот доволно долго или порано го ставаат прстот има некои мали технички проблеми, но тие се надминуваат во од, но е оној момент кој го забавува целиот процес“, вели Кети Дончевска Илиќ, претседател на и.м 1045.
„Немаме проблеми, само со апаратот не работеше добро и досега 20 членови гласаа на стариот начин“, додавца Љутвие Весели, потпретседател на и.м 1019.
Во Куманово според податоците на државната изборна комисија до 15 часот, правото на глас го искористиле 30,34 отсто. Во најголемата општина во земјава, гласаат 93.986 граѓани.
„Добра е постапката, малку почекавме“, нагласи една граѓанка.
„Добро е оди, нема голем застој“, дополнува друга граѓанка.
До 15 часот во Старо Нагоргичане излезноста изнесува 33,19 проценти, а во Липково правото на глас го оствариле 19,99 отсто.
Елена Георгиевска
