Изборите во мирна и демократска атмосфера, проблеми со уредите за идентификација
Мирно и во демократска атмосфера се одвива гласањето во скопската населба Автокоманда. Има проблеми со читачите на отпечатоци на прст, но проблемите се решаваат во од и нема метеж пред гласачките места, велат од избирачките одбори. Најголема излезност очекуваат во попладневните часови...

Динамично и раздвижено – полнолетните жители на Автокоманда го користат гласачкото право и избираат кој да раководи со нивната општина и со градот. Велат, гласањето тече без поголеми задржувања. Некогаш за идентификација со отпечаток од прст биле потребни повеќе обиди, но на крај успешно биле прочитани на терминалот.
Од избирачките одбори велат дека гласачките места се отворени навреме, а процесот тече мирно и во демократска атмосфера.
Според последните информации објавени од Државната изборна комисија, во општина Гази Баба до 15 часот гласале околу 30 насто од граѓаните.
Анита Димитријевска Велковска
