Иванов во Велес: Се решава проблемот со невработеноста

28.03.2014 20:20

„Во изминатите пет години многу пати бев во Велес, и секое мое доаѓање беше нов восхит на делото на велешанецот Панко Брашнаров, живиот сведок на двата Илиндени, човекот кој ја создаваше државата. Во борбата за здрава животна средина, во овие пет години како претседател на државата бев со вас, ја имавте и ја имате мојата подршка за и во овој град да се живее во здрава животна средина, денеска јас ја барам вашата подршка за заедно да продолжиме Македонија да ја водиме во нови победи за подобар живот на сите нас“ вака кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов им се обрати на велешани.

Во изминатите пет години докажав како претседателот  треба да работи на отварање на нови хоризонти за  македонската економија.

„Со силната реформска посветеност, заедно со Владата успеавме Македонија да ја направиме препознатлива во светот како една од најповолните дестинации  за отпочнување и водење на бизнис“, рече Иванов, потенцирајки  дека Македонија  од земја малку позната кај странските  инвестотори стана домаќин на десетици светски водечки компании.

„Успешноста на политиката се мери со бројки. Ние  имаме  што да покаже и со што да се пофалиме ја внесовме Македонија  во гасоводот „Јужен тек“, се чуствуваат благодетите од визната либерализација,  отворени се многу  нови работни места,  сами знаете колку велешани работат во новите индустриски зони, во Скопје и Кавадарци. Ако ја добијам вашата доверба ќе продолжам и понатаму заедно со Владата да работам на обезбедување на нови инвеститори за да создадеме нови работни места“, рече Иванов, во Велес.

„На ниво на Македонија се отворени 120.000 нови работни места. До крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места. Во услови на криза, кога невработеноста во Европа се зголемува, во Македонија сериозно се намалува. Напорно работиме да продолжиме со овој тренд за граѓаните да можат да работат и да заработуваат пристојна плата. Новите работни места ја движат нашата економија напред“,рече Иванов

Знаеме каде одиме знаеме што сакаме, ве повикувам сите да се обединиме и со заедничка сили побргу да ги оствариме програмските цели, една од нив е Македонија во Европа. Ги негуваме старите пријателства, создаваме нови на патот кон ЕУ и НАТО. Ја барам вашата доверба за да продолжиме заедно движејки се кон Европската унија сами да ја создадеме Европската унија во Македонија.А за нашата подготвеност за членство во унијата доказ се, рече Иванов, петте позитивни извештаи и петте препораки на Европската комисија.Го бараме она што сме го заслужиле, ни повеќе ни помалку, рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов пред велешани.

„Како претседател, нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија. Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за иднината на Македонија“,рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател Ѓорге Иванов.

Еден од  дваесете столбови на мојата програма е поддршка за унапредување на земјоделството.

Како ваш претседател сакам Македонија да биде напредна земјоделска земја. Заедно со владата напорно работевме за развој на земјоделието.И тука имаме со што да се пофалиме.

Инвестирањето ќе продолжи за да се отвораат многу нови работни места. А за да се отвараат нови работни места неопходно е да имаме добро образован кадар.Квалитетно образование од градинка до факултет ова е една од нашите заеднички заложби со Владара, рече Иванов, потсетувајки ги велешани за се она што досега е вложено во образовниот систем во градот, потенцирајки дека со посветено работење Македонија може да прерасне во земја на иновации и нови технологии  кои ќе бидат двигатели на економијата.

Секаде каде што одев ја промовирав Македонија  како земја со длабока традиција на преплетување  на културните, религиите и цивилизациите. Како претседател ќе продолжам активно да го промовирам дијалогот, македонскиот модел на соживот и одговорност, рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседастел на Република Македонија, Ѓорге Иванов.