Локални избори

Прилепско Штавица гласа и се надева

17.10.2021 17:05

Се гласаше и во прилепското село Штавица со 64 избирачи, но со 40-тина жители. Наречено „Мал Холивуд“ поради филмовите на Манчевски, на 11 километри од Прилеп, Штавица малку го живееше филмот, ама секојдневно се соочува со животот и со проблемите на нашето село...

75-годишната Цветанка Мирческа е една од 40-тината жители во прилепско Штавица. Побрза на гласањето, да го даде својот придонес за иднината на селото иако нејзиното време, вели, поминало. Носталгично се сеќава на добрите времиња, и на филмовите на Манчевски кои се снимаа во овој, таканаречен „Мал Холивуд“.

Штавица е блиску до градот, ама сѐ уште далеку од современ живот.

Претежно стари, ама има и млади. Сѐ додека земјоделството и сточарството се лек за малите гратски плати.

Со здрава природа, блиску до градот и со филмско минато, Штавица може да биде атрактивна за посетители. Ама треба иницијатива. Македонскиот „Мал Холивуд“ гласа и се надева.

Елизабета Митреска