Ковид-19

САД фрлаат вакцини, некои уште ги чекаат првите дози

17.10.2021 16:19

Државите продолжуваат да отпишуваат неискористени вакцини. Луизијана фрлила 224.000 неискористени дози, стапка што скоро тројно се зголемила од крајот на јули, дури и во момент кога смртоносниот четврти бран на вирусот ја погоди сојузната држава.

САД фрлаат милиони дози на вакцина против Ковид -19, додека повеќе земји во светот се соочуваат со недостиг. Од март до септември се застарени најмалку 15 милиони дози. Еден милион дози биле одбиени во 10 американски држави во декември и јули.

Државите продолжуваат да отпишуваат неискористени вакцини. Луизијана фрлила 224.000 неискористени дози, стапка што скоро тројно се зголемила од крајот на јули, дури и во момент кога смртоносниот четврти бран на вирусот ја погоди сојузната држава.

Истовремено, милиони луѓе низ целиот свет сѐ уште ја чекаат првата доза.

До јули, само еден процент од населението на земјите со ниски примања ја прими првата, додека во земјите со високи примања повеќе од половина од населението ја примило истата доза.