Во Русија и натаму раст на случаи на Ковид-19
Кремљ отфрли ново заклучување на национално ниво, како и на почетокот на пандемијата, што и наштети на економијата.

Руските власти соопштија дека во последното деноноќие биле регистрирани 34.303 нови инфекции на Ковид-19 и 999 смртни случаи. И покрај тоа, Кремљ отфрли ново заклучување на национално ниво, како и на почетокот на пандемијата, што и наштети на економијата.
„Ова е тежок вирус. Има голема разлика меѓу пациентите кои се хоспитализирани сега и оние што ги примивме во јуни 2020 година“, изјави Сергеј Петриков, директор на Истражувачкиот институт за итна медицина.
„Она што сакаме да им го кажеме на нашите сограѓани уште еднаш е дека вакцинацијата спасува животи“, вели Денис Проценко, главен доктор на болницата за коронавирус.
„Осумдесет проценти од сите смртни случаи се луѓе над 60 години. Само една третина од постарите луѓе беа вакцинирани“, нагласи Сергеј Собјанин, градоначалник на Москва.
Повеќето луѓе во Русија се скептични во врска со ефикасноста на вакцините. Независните анкети покажуваат дека повеќе од половина од Русите не планираат да се вакцинираат. Досега се вакцинирани 31 насто од населението.
