Скулпторот Жарко Башески ќе изложува во миланската Кралска палата
Изложбата, која за публиката ќе биде отворена на 27 октомври оваа година и ќе трае до 22 јануари 2022, е во организација на Кралската палата и Општина Милано, со поддршка од издавачката куќа „Марсилио Арте“ и „Тенедерсторис“.
Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе претстави две свои дела на меѓународната концептуална изложба што ќе се одржи во Кралската палата во Милано, под насловот „Тело Господово: Од глорифицираното тело до урнатините на душата“, како постаква на реномираната италијанска кураторка Франческа Алфано Миљети.
Изложбата, која за публиката ќе биде отворена на 27 октомври оваа година и ќе трае до 22 јануари 2022, е во организација на Кралската палата и Општина Милано, со поддршка од издавачката куќа „Марсилио Арте“ и „Тенедерсторис“.
Башески, инаку познат по делата изработени во хиперреалистичен манир кои се дел од најеминентните интернационални изложби, на „Тело Господово“ ќе се претстави со скулптурите „Вон…“ и „Автопортрет 1“, заедно со 33 други меѓународно признаени уметници и вистински икони на современата уметност како Јозеф Бојс, Кристијан Болтански, Антони Гормли, Џон де Андреа, Јаел Бартана, Роберт Лонго, АЕС+Ф и други.
