Заврши гласањето за Локалните избори 2021
Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање.

Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање.
Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги чекаат резултатите од гласањето, кои се очекува да бидат објавени околу полноќ.
Претседателот на ДИК, Даштевски на прес-конференцијата во 19 часот повика на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.
Најави дека резултатите ќе бидат внесени директно од избирачките места за првпат во историјата и ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК за Локалните избори 2021.
Што се однесува до излезноста, на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29.
На денешните седми локални избори право на глас имаа 1.824.864 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Граѓаните својот глас можеа да го дадат за вкупно 10.831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена од група избирачи односно независни, и 31 листа од политички партии и коалиции.
Првпат оваа година гласачите се идентификуваа со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст.
