Локални избори
Арсовска води пред Шилегов во Скопје
18.10.2021 09:42
Арсовска засега има 65.771 гласови, Шилегов 61.766 гласови...
Државната изборна комисија сѐ уште ги пребројува гласовите од вчерашните локални избори. За Град Скопје досега се преброени 77,32% од гласовите, а според нив независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, води пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, со разлика од нешто повеќе од четили илјади гласови.
Арсовска засега има 65.771 гласови, Шилегов 61.766 гласови.
Кандидатот на Левица, Перо Герогиевски- Камиказа има 15.128 гласа, а зад него е кандидатот на „Одлучно за промени“, Арбен Бени Шаќири, со 7.139 гласови. Следуваат Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 6.820, и Александар Тортевски од „Твоја партија“ со 1.861 освоени гласови.
