Врнежите ги израдуваа земјоделците, но им направија проблем на оризопроизводителите
Минатонеделните врнежи ги израдуваа земјоделците. Проблем имаат единствено оризопроизводителите кои неможат да ги ожнеат нивите. После долгиот сушен период, умерениот дождот остана целиот во почвата. Оваа недела не очекува суво време со температури и до 20 степени што исто така ќе биде добро за собирање на последниот род од нивите…

Влажниот бран со врнежи од дожд, донсе количества вкупно колку за просекот од 2 месеца за овој период од годината. Во Битола наврнаа 150 литри, на многу места беа и повеќе од 100, додека на другите мерни точки од 80-100 литри на квадратен метар.
Конечно, по долгата суша, умерените врнежите кои дојдоа и овозможија целата вода да се впие и остане во испоснетата почва, е она што им беше неопходно на земјоделците, велат агрометеоролозите.
Засега површинската влага е преголема да се почнат какви било работи во калливите ниви, но со оглед на прогнозите за наредните денови овој влажен бран завршува и неделава особено во втората половина ќе има суво време без дождовни облаци. Само на почетокот со умерена облачност, но понатаму со покачување на дневните температури кои треба да достигнат и до 20 степени.
За земјоделците , според експертите е битно што облачноста ќе ги одржува утрата благи без премногу ниски температури, а преку ден ќе станува уште потопло со што атмосферата ќе се загрева и ќе има добри услови за да се дособере и последниот род од полињата и овоштарниците.
Методија Трајков
