Свет

Се зголемува бројот на жртвите во поплавите во Индија

18.10.2021 10:21

Поројните дождови предизвикаа излевање на реките од коритата, свлечишта и изолација на многу градови и села во Керала.

Десетици загинати и многу исчезнати во поплавите во јужна Индија. Поројните дождови предизвикаа излевање на реките од коритата, свлечишта и изолација на многу градови и села во Керала.

Најпогодени се областите Котајам и Идуки. Мобилизирани се и воените хеликоптери кои доставуваат помош и екипи во отсечените предели. Илјадници беа евакуирани, отворени се над 100 монтажни кампови.