Горивата поскапуваат за денар
18.10.2021 12:15
Новата цена на бензинот од 95 октани изнесува 76,5 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 68,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 68 денари. Поскапува и мазутот.

Од ноќеска на полноќ, горивата поскапуваат за денар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката.
Новата цена на бензинот од 95 октани изнесува 76,5 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 68,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 68 денари. Поскапува и мазутот.
Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 1,23%, како резултат на повисоките цени на свестките берзи и повисокиот курсот на денарот во однос на доларот.
