Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори

18.10.2021 12:01

Тана де Зулуета, шефица на Набљудувчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди.

Мисијата на ОДИХР денеска ќе ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија.

Тана де Зулуета, шефица на Набљудувчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди.

За Локалните избори 2021 што се одржуваа вчера акредитирани беа вкупно 1.045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи.