Стандардниот македонски јазик постои
Македонскиот јазик извор на научни истражувања- под ова мото по петти пат Институтот „Крсте Мисирков“ ги обединува лигвистите на научна конференција во Скопје. Почна манифестацијата Отворени денови на македонскиот јазик...

Македонистиката денес се соочува со сите предизвици со коишто некогаш се соочувал Блаже Конески, а тоа е борбата за македонскиот јазик. Конески со своите современици му покажаа и докажаа на светот дека македонскиот јазик има свој историски развој, иако бугарски лингвисти упорно тврдат дека македонски јазик не постои.
Ја испраќаме нашата порака, да, стандардниот македонски јазик постои, има свој историски развој, сегашност и зацртан развој во рамки на словенските, балканските и индоевропските јазици, велат од Институтот „Крсте Мисирков“.
Во гимназиските денови бев приморан да зборувам на бугарски јазик, кога одбив бев исклучен од училиштето, вели првиот претседавач со Македонското собрание.
Институтот „Крсте Мисирков“ одбележува 95 години од смртта на Мисирков, 100 години од раѓањето на Блаже Конески, 100 години од раѓањето на Благоја Корубин и 30 години македонска независност.
Александра Спировска
