Скринингот во училиштата сѐ уште не е почнат
Денеска се најавуваше почеток на скринингот во училиштата. Треба да опфатени околу 8.200 ученици во повеќе од 350 основи и над 100 средни училишта. Минатата недела се бараше дозвола од родителите, но на терен тестирањето на учениците сѐ уште не е почнато...

Скринингот во училиштата иако најавен за почетокот на оваа недела, сѐ уште не е почнат. Дел од средните скопски училишта веќе ги собрале писмените согласности, кои треба да ги достават до 16 часот. Во разговор за МТВ дел од директорите велат дека мал дел од родителите биле против нивните деца да се тестираат.
Педијатрите, пак, велат стравот кај родителите е оправдан, бидејќи можеби не се запознаени доволно за целата постапка.
Според најавите на Министерството за здравство, скринингот треба да опфати 8.200 ученици, одбрани по случаен избор од електронскиот дневник, со претходна дозвола од родител.
Скринингот првично беше најавен дека ќе почне пред две недели, но министерот Филипче рече дека анализата траела подолго од предвиденото и тоа е причината за пролонгирањето.
Викторија Милевска
