Колин Пауел почина од компликации од коронавирусот

18.10.2021 15:20

„Генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар на САД, почина утрово поради компликации предизвикани од коронавирусот“, соопшти неговото семејство.

Колин Пауел, првиот афро-американски државен секретар на САД, почина денеска на 84-годишна возраст како последица на коронавирусот.

„Генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар на САД, почина утрово поради компликации предизвикани од коронавирусот“, соопшти неговото семејство.

Колин Пауел беше угледен и импресивен „професионален војник”, кого кариреата го водеше од војната во Виетнам до првиот афро-американски советник за национална безбедност.

Неговата национална популарност нагло порасна по победата на коалицијата предводена од САД за време на војната во Заливот, и едновремено, во средината на 1990-тите години, се сметаше за водечки кандидат за прв црн претседател на САД.