Стабилна состојбата со Ковид-19 во Прилеп, вакцинацијата стагнира
Нема осцилации, ниту зголемувања и падови во ковид-состојбата во Прилеп. Две третини се невакцинирани кои имаат потешка клиничка слика. Во Прилеп се вакцинирани над 53 насто од граѓаните, има интерес и за трета доза, но вакцинацијата стагнира...

Без зголемувања или големи падови покажуваат податоците за ковид состојбата последниве недели во Прилеп. Така е и со хоспитализираните во модуларната болница каде, главно, е евидентно дека потешка клинича слика, што бара и кислородна поддршка, имаат невакцинираните лица, констатираат од прилепската болница.
За потребата од вакцина говорат граѓаните на вакциналниот пункт. Досега е имунизирано над 53 насто од населението.
Последната недела забележана е стагнација на интересот за вакцинирање со по 150 до 200 пациенти дневно, а од денеска забележлив пораст.
Вакциналниот пункт веќе една недела е во Здравствениот дом по дислокацијата од спортската сала на училиштето „Ѓорче Петров“.
Елизабета Митреска
