Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ нов градоначалник на Штип
Со победа во првиот круг на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, во Штип завршија локалните избори. Коалицијата „Создади нова иднина“ доминира и во општинскиот совет, каде влегува и еден член од Левица...

Штип избра градоначалник во првиот круг. Кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ Иван Јорданов доби поддршка од 13.085 гласачи, за околу 4.000 гласа повеќе од актуелниот градоначалник и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Николов денес му ја честита победата на идниот градоначалник.
Ова не е моја, ова е победа во прв круг на граѓаните на Штип, кои со пенкало ги исправија неправдите, изјави Јорданов и вети целосна реализација на проектите од предизборната програма.
Познат е и новиот состав на Советот на Општина Штип, во кој со 13 советници ќе партиципира коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, девет советници има СДСМ и еден од Левица.
Во Општинаската изборна комисија приговори нема и се очекува новоизбраниот градоначалник да ја превземе функцијата идната недела.
Славица Величковска
