Локални избори

СДСМ убедени дека во вториот круг ќе освојат повеќе градоначалнички места

18.10.2021 15:42

Заев и раководството очекувале дека резултатите нема да се исти како пред четири години. Но, убеден е дека неговото мнозинство ќе се зголемува...

Социјалдемократите убедени дека во вториот круг ќе освојат повеќе градоначалнички места од нивниот главен опонент ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот оптимизам раководството на СДСМ го темели на фактот што онаму каде што имаат свои кандидати гласот за нив ќе го дадат коалициските партнери кои испаднаа од трката за градоначалник. Дојран, Струмица, Валандово, Делчево, Богданци, Берово, Крива Паланка и Кривогаштани се општините каде победија кандидатите на СДСМ, а во вториот круг влегуваат во трка во 36 општини.

Заев и раководството очекувале дека резултатите нема да се исти како пред четири години. Но, убеден е дека неговото мнозинство ќе се зголемува.

Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанти општини, порача Заев. Според него, Мицкоски барал избор на градоначалници во првиот круг, свесен што ќе се случи во вториот круг.

Коалиционите капацитети се сериозни, граѓаните доминантно во мнозинство се за прогрес, порача лидерот на Социјалдемократите. За вториот круг Заев со најава- ја обединуваме цела владина коалиција, прогресивниот глас се обединува за вториот круг и влегува во борба за она што со труд, пот и крв го обезбедивме заедно со народот, за оваа наша земја. Прогресот се обединува за да ја обезбеди иднината на татковината, нагласи Заев.

Според него, народот сака уште повеќе работа и уште повеќе резултати. Тие резултати ќе се обезбедат со сите капацитети. Но, тие резултати се можни само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат да одат напред.

 

Миле Ристески