ДУИ задоволна од постигнатите резултати
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа на завршната прес-конференцијата на партијата, по завршувањето на првиот круг од локалните избори изрази задоволство од постигнатите резултати. Објави победа во прв круг во три општини и убедливо водство во девет други...

И во овој важен процес за локалната самоуправа излеговме како победници, посочи синоќа лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на завршната прес конференција, неколку часа по затворањето на гласачките кутии.
Тој истакна дека уште во првиот круг ДУИ победила во три општини: Сарај, Липково и Пласница. А, според него, во втор круг, одат со голема предност во општините: Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени.
Во втор круг, според партиските математики на ДУИ ќе се тркаат со против кандидатот во општините Дебар, Чашка, Гостивар и Врапчиште.
Сакам да изразам задоволство за целокупниот изборен процес каде се покажа демократска култура, бидејќи изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред. Уште еднаш покажавме и докажавме дека храбро и смело чекориме на патот кон Европската унија, рече Ахмети.
„Сакам да им честитам на сите учесници во натпреварот. Ги поздравувам членовите на Демократската унија за интеграција за оваа победа на нашата партија, после таа победа во 2020 година на парламентаните избори, каде имавме уште еден успех, зголемувајќи го бројот на гласовите. На локалните, општинските и централните штабови сакам да им забладагодарам, но и на гласачите кои се определија за духот на зелената агенда на ДУИ која беше претставена пред избирачите“, изјави Ахмети.
Тој додаде дека Демократската унија за интергација во албанскиот политички блок има повеќе гласови од политичките опоненти и за советите во општините Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Битола, Охрид и Чучер Сандево.
Зоран Димовски
