Локални избори

„Левица“ ќе има советници во 30-ина општини

18.10.2021 15:59

„Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија којашто бележи тенденција на раст“, вели Апасиев.

По првиот изборен круг „Левица“ е задоволна од постигнатите резултати. Велат ги оствариле поставените проекции.

„Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија којашто бележи тенденција на раст“, вели Апасиев.

Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имаа само тројца советници, по вчерашните избори, Левица имаат советници во 30-ина општини. Апасиев смета дека опозициските тенденции се евидентни и можно е одржување предвремени парламентарни избори по локалните, затоа што, според него „Заев е веќе дел од буништето на историјата“.

Апасиев нагласи дека ако евентуално има предвремени парламентарни избори, Левица би одела сами, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.

Катерина Топалова