Села обвини за уцени, притисоци и поткуп
Лидерот на Алијанса за Албанците, Села изјави дека нивни кандидати ќе се борат за градоначалнички мандат во вториот круг од локалните избори. Обвини и за уцени, притисоци и поткуп и им се заблагодари на сите граѓани кои имаа „имаа храброст да го искажат својот глас“...

Лидерот на Алајансата за Албанците, Зијадин Села, по завршувањето на првиот круг на локалните избори изјави дека коалицијата меѓу неговата партија и Алијанса го освоила градоначалничкото место уште во првиот круг во две општини. Едната е Гостивар, каде што досегашниот градоначалник Арбен Таравари веќе ја слави победата. Другата општина за која Села вели дека победиле во првиот круг е Дебар.
Села изјави и дека нивни кандидати ќе се борат за градоначалнички мандат во уште пет општини, а можеби и во шеста – Тетово. Обвини и за уцени, притисоци и поткуп и им се заблагодари на сите граѓани кои имаа „имаа храброст да го искажат својот глас“.
Според него, народот кој гласаше, дел од нив не беше слободен, како што вели Села, ние живеееме во држава каде што има вработувања по партиска линија и на самиот ден на изборите. Меѓу општините во кои одиме во втор круг, тоа се Струга, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир, додаде Села.
Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во изјава за медиумите сопшти дека по пребројаните гласови во 90 проценти од избирачките места победил уште во првиот круг, со освоени 53 отсто гласови.Тој го обвини својот опонен,т Невзат Бејта и неговата партија ДУИ, дека се обидуваат да манипулираат со записниците за да издејствуваат втор круг.
Според податоците кои се официјално презентирани од ДИК, во Гостивар и Дебар сепак е извесно дека ќе има втор круг на кој за нов мандат со најмногу освоени гласови ќе се натпреваруваат актуелниот градоначалник, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците и Невзат Бејта, фаворитот на владејачката ДУИ.
Игор Панов
