Здравство

Нови 107 случаи со Ковид-19, починати 19 лица

18.10.2021 17:29

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часa направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.

Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирањана Ковид-19.