Пендаровски: Ќе ги заштитам интересите на граѓаните
28.03.2014 20:24
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, попладнево ја посети скопската општина Бутел, a претходно имаше средби со занаетчии и пазарџии во Старата скопска чаршија и на Бит-пазар.
Од Бутел Пендаровски порача дека треба да се избере поинаква Македонија и дека на земјата и се потребни промени. На граѓаните тој им рече дека е редно во Македонија да тргне економијата и евроинтеграциите за да престане иселувањето на младите.

Решен сум да ги искористам сите надлежности на претседателот на државата, за да ги заштитам интересите на граѓаните на Република Македонија, на сите граѓани на оваа земја, без разлика на политичката, националната, верската или друга припадност. Ние мораме да го спречиме иселувањето на младите од земјата, не смееме да дозволиме да останеме држава без народ. Тоа ќе биде мојата основна заложба. Ние повеќе немаме граѓани за губење, порача кандидатот за претседател од СДСМ.
По осум години шанса и два полни мандата на актуелната власт, потребни се промени... Економијата во Македонија е подржавена, наместо тоа државата треба да овозможи услови за економски развој кој ќе го диктира приватниот бизнис, рече Пендаровски пред граѓаните во Бутел која, според него, е пример за населба каде нема поделби и каде се живее заедно, без разлика на националноста, религијата или партиската припадност.