Земјотрес од 6,1 степен во Медитеранот

19.10.2021 09:23

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.

Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.