Бочварски во Софија ќе потпише меморандум за доизградба на железничкиот Коридор 8

19.10.2021 09:40

Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите страни за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8 со фокус на проекти кои се од најголемо значење за регионот.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе престојува во работна посета на Софија каде ќе го потпише трилатералниот меморандум меѓу Македонија, Бугарија и Албанија за доизградба на железничкиот Коридор 8.

Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите страни за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8 со фокус на проекти кои се од најголемо значење за регионот.  Исто така, со меморандумот ќе се потврди подготвеноста на земјите потписнички за  спроведување на мерките за брз и непречен транспорт на стока на граничните премини.