Корејски полуостров

Северна Кореја со нова провокација

19.10.2021 09:45

Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета во водите кај брегот на Јапонија како продолжение на неодамнешните тестови на оружје...

Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета во водите кај брегот на Јапонија како продолжение на неодамнешните тестови на оружје, само неколку часа откако САД потврдија дека ќе се обидат да го наведат Пјонгјанг да седне на преговарачка маса околу денуклеаризацијата.

„Ова го загрозува мирот и безбедноста на нашата земја. Ова е сериозен проблем и за меѓународната заедница. Со овој чин се прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ООН“, изјави Јошико Исозаки, заменик шеф на кабинетот за безбедност на Јапонија.

„Јужна Кореја и САД ја споделија својата проценка за неодамнешните ситуации на Корејскиот Полуостров. Разговаравме и за објавување на крајот на војната. Верувам дека дискусиите го продлабочија разбирањето на Вашингтон за нашите идеи“, рече Но Кју-Дук • специјален претставник на Јужна Кореја за безбедност на Корејскиот Полуостров.

Најновиот тест на Северна Кореја следи по неколкумесечните тензии на Корејскиот Полуостров. Пјонгјанг тестираше зголемен број проектили во 2021 година