Ковид-19

6.759 активни ковид- случаи во земјава

19.10.2021 10:03

За разлика од работните денови кога процентот на заболени од коронавирусот се движи од 10 до 15 насто од тестираните, викендот падна на 6,4 проценти, односно 107 новозаразени од 1.667 тестирани лица.

Во земјава има 6.759 активни ковид-случаи. Бројката на заразени од почетокот на пандемијата изнеусва 197.197. За разлика од работните денови кога процентот на заболени од коронавирусот се движи од 10 до 15 насто од тестираните, викендот падна на 6,4 проценти, односно 107 новозаразени од 1.667 тестирани лица.

Пријавени се 19 починати лица, а вкупно од почетокот на пандемијата 6.964 лица починаа како последица на коронавирусот.

Заклучно со 16-ти октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. Педест и четири проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти , а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.